Има 19 години, сопствен бизнис и брутален талент — Каи Трамп откри што наследила од дедо ѝ
Младата Каи Трамп (19) верува дека за нејзиниот голем успех е заслужна само една особина која ја дели со својот славен дедо, Доналд Трамп. Најстарата ќерка на Доналд Трамп Јуниор и Ванеса Трамп веќе гради сериозна кариера во голф, води свој моден бренд, активна е на социјалните мрежи, а оваа есен тргнува и на факултет.
Препорачано
Гостувајќи во емисијата „Fox & Friends“, на прашањето како успева да ги усогласи сите овие обврски, таа кусо одговори: „Не знам. Досега ми успеваше, па претпоставувам дека само ќе продолжам така“. Каи е убедена дека амбицијата и неверојатната енергија ги има повлечено токму од Доналд Трамп:
„Желбата за успех веројатно ми е од дедо ми“.
Доналд се плаши дека ќе го победи
Каи ќе студира на Универзитетот во Мајами, каде што веќе е ангажирана како огромно засилување за првата дивизија на нивниот голф тим. Луѓе блиски до неа ја опишуваат како исклучително дисциплинирана и фокусирана девојка која допрва ќе го покаже својот полн потенцијал.

Нејзиниот дедо, кој и самиот е фанатик по овој спорт, не штеди комплименти за неа.
„Често играм голф со Каи и таа е фантастична. Победува на многу мечеви и еден ден сигурно ќе може да го победи и својот дедо, иако не верувам дека тоа ќе се случи набрзо“, се нашали американскиот претседател во едно видео.
„Тој е само еден кул дедо“
И покрај неговата моќна политичка и бизнис функција, Каи во јавноста го доживува Доналд на сосема обичен начин. Гостувајќи во поткастот на Логан Пол, на констатацијата на водителот дека Трамп е многу поопуштен во живо отколку на телевизија, младата девојка само се насмевна и заклучи:
„Тој е буквално само еден обичен, кул дедо“.
Која е Каи Трамп? Омилената внука на Доналд Трамп тргна по неговите стапки
ВИДЕО | Внуката на Трамп откри детали од љубовниот живот: „Се допишувам со еден дечко…“


