Лионел Меси и Јамин Јамал / Фото: Profimedia

Меси откри како настанала виралната фотографија со Ламин Јамал: „Животот е навистина неверојатен“

Лионел Меси проговори за виралната фотографија од 2007 година на која го држи во раце тогаш шестмесечниот Ламин Јамал, само неколку дена пред нивната пресметка во финалето на Светското првенство 2026, објави „Пипл“.

На настанот „Фанатикс Фест“ во Њујорк, поранешниот НФЛ-квотербек Том Брејди го праша Меси што за него значи фотографијата која повторно стана актуелна низ целиот свет.

„Таа фотографија со Ламин е навистина неверојатна. Таков е животот – имав фотографија со него кога беше бебе, а сега ќе играме еден против друг на Светско првенство. Како што реков и претходно, тоа е навистина неверојатно“, изјави Меси.

Аргентинецот не штедеше пофални зборови за 19-годишниот шпански репрезентативец.

„Му посакувам сè најдобро. Тој е еден од лидерите на светскиот фудбал и пред себе има цела кариера. Ако Шпанија го освои Светското првенство, ќе постигне нешто историско“, рече Меси.

Лионел Меси и Јамин Јамал / Фото: Profimedia

Тој додаде дека Јамал во моментов без сомнение е меѓу најдобрите фудбалери во светот и истакна дека неговиот успех е важен и за Барселона, клубот во кој двајцата настапуваат или настапувале.

Виралната фотографија е направена во 2007 година за време на хуманитарно фотографирање на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Тогаш 20-годишниот Меси, кој веќе важел за една од најголемите надежи на клубот, позирал со шестмесечниот Ламин Јамал, па дури и го капел во мало корито покрај гумено пајче.

Фотографијата повторно го привлече вниманието во 2024 година, кога таткото на Јамал, Мунир Насрауи, ја објави на Инстаграм со описот „Почетокот на две легенди“.

Аргентина и Шпанија ќе се соочат во финалето на Светското првенство в недела, 19 јули, на стадионот „Њујорк – Њу Џерси“, каде што легендарниот Меси и новата ѕвезда Ламин Јамал за првпат ќе се сретнат како ривали на најголемата светска фудбалска сцена.

Неверојатна е симболиката која ги поврзува Меси и Јамал со бројот 19 пред финалето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот