Меси/EPA/WILL OLIVER/Јамал/EPA/SAM WASSON

Неверојатна е симболиката која ги поврзува Меси и Јамал со бројот 19 пред финалето

Во пресрет на големото финале на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, вниманието на фудбалската јавност е насочено кон Лионел Меси и Ламин Јамал, најголемите ѕвезди на двете репрезентации. Двајцата ќе ги предводат своите селекции во битката за светската титула, а шпанска „Марка“ објави интересна анализа за необичната симболика на бројот 19, кој на повеќе начини ги поврзува.

Повторно во центарот на вниманието е фотографијата направена пред 19 години, на која тогаш младиот Меси го капе бебето Ламин Јамал во рамките на хуманитарна кампања на УНИЦЕФ. Денес, речиси две децении подоцна, тие ќе се најдат на спротивните страни во финалето на Мундијалот.

Совпаѓањата не завршуваат тука. И Меси и Јамал своето прво Светско првенство го одиграа на 19-годишна возраст, а Јамал токму пред неколку дена го прослави својот 19. роденден. Дополнително, двајцата дебитираа на Светските првенства со дресот со број 19, а истиот број го носеа и во Барселона.

Меси кариерата во каталонскиот клуб ја започна со бројот 30, но набрзо го замени со 19, пред подоцна да ја преземе легендарната „десетка“, која стана негов заштитен знак.

Интересно е и тоа што финалето на Светското првенство ќе се одигра на 19 јули, со што симболиката околу овој број добива уште едно необично продолжение.

„Марка“ потсетува и на филмот „The Number 23“ на режисерот Џоел Шумахер, со Џим Кери во главната улога, во кој главниот лик е опседнат со одреден број. Филмот, според шпанскиот медиум, премиерно беше прикажан пред 19 години.

Како уште едно интересно совпаѓање се наведува и податокот дека Аргентина на досегашниот дел од шампионатот постигна вкупно 19 голови.

ФОТО | Меси го држел во раце кога бил бебе, а сега ќе се сретнат во финалето на Мундијалот

Претседателот на Аргентина поради суеверие нема да го гледа финалето во живо

Ламин Јамал и Педро Поро отсуствувале од тренингот на Шпанија, но се очекува да настапат против Аргентина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот