Ламин Јамал/EPA/SCOTT STRAZZANTE

Ламин Јамал и Педро Поро отсуствувале од тренингот на Шпанија, но се очекува да настапат против Аргентина

Шпанската репрезентација доби добра вест пред големото финале на Светското првенство против Аргентина. Ламин Јамал и Педро Поро би требало навреме да се опорават од повредите добиени во полуфиналето со Франција.

Младиот ас на Барселона ги загрижи навивачите кога по еден дуел со Килијан Мбапе беше забележан како се држи за бутниот мускул. Поради непријатностите, Јамал денеска не тренирал со остатокот од репрезентацијата.

Освен него, од тренингот отсуствувал и десниот бек Педро Поро, кој почувствувал затегнатост во мускулот. Селекторот Луис де ла Фуенте потврди дека станува збор за мускулен проблем, но не откри дополнителни детали.

И покрај почетната загриженост во Шпанија, последните информации се охрабрувачки. Тамошните медиуми пренесуваат дека и Јамал и Поро успешно закрепнуваат и се очекува да бидат подготвени за финалниот натпревар против Аргентина.

Големото финале на Светското првенство ќе се одигра во недела со почеток од 21:00 часот, а Шпанија ќе се обиде да ја освои светската титула против актуелниот шампион Аргентина.

ФОТО | Меси го држел во раце кога бил бебе, а сега ќе се сретнат во финалето на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот