„Партибрејкерс“ / Фото: Фејсбук/„Партибрејкерс“

Почина еден од основачите на „Патрибрејкерс“, тапанарот Горан Булатовиќ-Манза

Горан Булатовиќ-Манза, тапанар и еден од основачите на легендарниот српски рок-бенд „Партибрејкерс“, почина на 67-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на групата со објава на нивната официјална фејсбук-страница.

Во емотивната порака тие се простија од својот долгогодишен соработник и пријател.

„Последен поздрав до Манза, основачот на ‘Партибрејкерс’. Беше неповторлив. Еден од двајцата кои влијаеја на моето растење. Ти благодарам за сè!“, напишаа од бендот.

„Партибрејкерс“ е основан во 1982 година во Белград, а покрај Булатовиќ-Манза, основачи на групата беа и пејачот Зоран Костиќ-Цане и гитаристите Љубиша Костадиновиќ и Небојша Антонијевиќ-Антон.

Својот прв концерт бендот го одржа на 4 октомври 1982 година во белградскиот Дом на аматерите „Дадов“, како предгрупа на составот „Фифтис“. Оттогаш „Партибрејкерс“ изградија успешна кариера и станаа еден од највлијателните рок-бендови на просторот на поранешна Југославија.

Засега не се соопштени причината за смртта на Булатовиќ, ниту детали за времето и местото на погребот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот