ФОТО | Необично, но на жените им се допаѓа — Лени Кравиц откри зошто тренира во кожени панталони
Легендарниот рок-музичар Лени Кравиц е препознатлив не само по хитовите „Fly Away“ и „It Ain’t Over ’til It’s Over“, туку и по својот впечатлив моден стил. Кожени панталони, откопчани кошули, кратки блузи и чизми со високи потпетици се негов заштитен знак, а сега откри дека истиот стил го задржува и кога тренира.
Препорачано
Во интервју за списанието „Менс хелт“, Кравиц објасни дека најчесто вежба во кожени панталони или фармерки, наместо во спортска облека.
„На сцена настапувам во кожа, тексас или што и да е, па тоа се панталоните што ги носам и кога вежбам. Тоа значи дека можам да вежбам во секое време и на секое место“, изјави музичарот.
Тој откри и дека не користи вага за да ја следи својата физичка форма, туку се води според тоа како му стои облеката.
„Сè можам да проценам според тоа како се чувствувам во панталоните. Ако ми се малку тесни, знам дека излегувам од форма. Мојот пријател Дензел Вашингтон ми ја кажа оваа реченица: ‘Панталоните не лажат, панталоните не лажат’“, рече Кравиц.

Музичарот и претходно привлече внимание кога во 2024 година објави видео од теретана, на кое крева тегови облечен во кожени панталони, мрежест топ и очила за сонце. Снимката стана вирална, а коментарите беа поделени – дел од обожавателите беа изненадени од неговиот избор на облека, додека други оценија дека токму таквиот изглед е препознатлив за него.
„Само Лени може да тренира во кожени панталони“, „Замислете да вежбате во вежбалница, а до вас Лени Кравиц крева тегови во кожа и со очила за сонце“ и „Тоа е баш негов стил“, беа само дел од реакциите на социјалните мрежи.
Кравиц додава дека сепак постои исклучок.
„Ако правам кардио, секако дека ќе носам тренерки, затоа што тогаш многу се потам. Но, кога кревам тегови, не се потам толку“, објасни рок-ѕвездата.
Иако на насловната страница на „Менс хелт“ позираше во тренерки и мрежест топ без ракави, неговите кожени панталони и натаму остануваат неговиот најпрепознатлив моден заштитен знак.
Лени Кравиц доживеа инцидент на својот концерт: Жена од публиката го повлече за косата


