ФОТО | Нова мистерија од Марс — роверот „Кјуриосити“ откри структури слични на саќе
Речиси 14 години по слетувањето на Марс, роверот „Кјуриосити“ сè уште неуморно ја врши својата истражувачка работа. Во своите најнови набљудувања, роверот забележал глетка што, без сомнение, е многу необична.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Роверот се приближил до област првично забележана од орбитата околу Црвената планета и пронашол нешто што изгледа како структура слична на саќе на површината на планетата. Полигоналните форми, речиси идентични едни на други, формираат шема што потсетува на тапети или тепих, пишува „Спејс“.
NASA’s Mars rover Curiosity spotted “honeycomb” structures on Mars. pic.twitter.com/uwF1iPnNXZ
— Brian Roemmele (@BrianRoemmele) July 14, 2026
Иако истражувачкиот тим првпат ја забележал оваа област од орбитата околу планетата, кога роверот пристигнал на локацијата и ја видел оваа структура одблизу, научниците биле изненадени.
Покрај текстурата на саќе, целата област била расфрлана со темни карпи расфрлани по површината. Сепак, сè уште нема јасно објаснување ниту за овие камења. Дали се стркалале од повисоките карпи? Дали биле исфрлени од кратерот Гејл за време на некој древен удар од астероид? И дали воопшто се работи за метеорити што пристигнале надвор од Марс и завршиле расфрлани на неговата површина?
Истражувачите веруваат дека секое од овие објаснувања би можело да биде можно.
Слични темни карпи претходно се пронајдени на Марс, кои содржат минерали како никел, што е вообичаено кај метеоритите, но невообичаено кај марсовските карпи. Сепак, дали овие карпи се од исто потекло? Можеби се дел од ист или сличен антички судир? Засега нема одговор.


