Боб Дилан ќе одржи концерт во Љубљана – одлична можност и за македонските обожаватели да го слушнат во живо
Легендарниот американски кантавтор и добитник на Нобеловата награда за литература, Боб Дилан, оваа есен повторно ќе настапи во Европа, а една од станиците на неговата турнеја ќе биде и Љубљана.
Препорачано
Дилан на 9 ноември ќе одржи концерт во арената „Стожице“, што ќе биде одлична можност и за македонските обожаватели да го слушнат во живо, со оглед на близината на словенечката престолнина до Скопје.
Осумдесет и петгодишниот музичар важи за една од највлијателните личности во историјата на современата музика. Во својата повеќедецениска кариера објави околу 40 студиски албуми, продаде повеќе од 125 милиони носачи на звук ширум светот и во 2016 година ја доби Нобеловата награда за литература за неговите поетски текстови, а покрај музиката е познат и по своето ликовно творештво.
Дилан се прослави во шеесеттите години на минатиот век со своите протестни песни, кои станаа симбол на отпорот против Виетнамската војна. Од 1988 година е на таканаречената „Never Ending Tour“, во рамките на која секоја година одржува околу стотина концерти низ светот.
На словенечката публика не ѝ е непознат, бидејќи претходно настапуваше во земјата во 1991, 1999 и 2010 година.
Организаторите најавија дека за време на концертот нема да биде дозволена употреба на мобилни телефони и видеокамери, со цел публиката целосно да се посвети на музичкото доживување.
Ракопис со стихови од големиот хит „Mr Tambourine Man“ на Боб Дилан се продаде за 508.000 долари


