Дејвид и Викторија Бекам на натпреварот Англија-Аргентина / Фото: Michael Zemanek / Shutterstock Editorial / Profimedia

ФОТО | Дејвид Бекам со солзи во очите по поразот на Англија, Викторија го теши

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам редовно присуствуваше на трибините на ова Светско првенство, но она што го доживеа синоќа сепак целосно го разочара.

Бекам беше скршен откако Аргентина ја победи Англија во полуфиналето и не можеше да ги задржи солзите, па неговата сопруга Викторија Бекам го тешеше во текот на целиот натпревар.

Камерите го следеа семејството Бекам за време на натпреварот, а славниот пар ги беше придружуван и од своите деца, Ромео, Харпер и Круз.

Во 55-тата минута, Ентони Гордон постигна гол за водство на Анлија, па Бекам скокнаа од среќа на трибините, додека Викторија го прегрнуваше својот сопруг.

Сепак, радоста не траеше долго, бидејќи Аргентина направи пресврт, постигнувајќи два гола за само седум минути. Бекам мораше да го гледа својот добар пријател и играч на „Интер Мајами“, Лионел Меси, како ја победува неговата татковина на Светското првенство.

Поранешниот репрезентативец беше скршен од поразот, а беше прегрнат и тешен од неговата сопруга и синот Круз.

По натпреварот, тој се огласи на своите социјални мрежи и испрати кратка порака до националниот тим: „Срцата ни се скршени на сите нас, но спомените остануваат што нè инспирираат и траат засекогаш… Благодарност до нашиот тим, нашите навивачи и нашата земја за она што ни го дадоа на ова Светско првенство.“

 

Паузите за хидратација на Светското првенство му донесоа милиони на Бекам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот