Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Кејн разочаран: Прерано почнавме да го чуваме резултатот

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека неговиот тим по водството прерано почна да ја чува минималната предност, а Аргентина го искористи тоа за пласман во финалето на Светското првенство.

– Разочаран сум. По голот само се обидувавме да го зачуваме водство и на ова ниво тоа не е доволно. Се боревме, оставивме сè на теренот, но крајниот резултат е болен. Одбраната се држеше колку што можеше, но на крајот не беше доволно. Бевме блиску, но сепак ни недостасува тој последен чекор – рече Кејн.

Аргентинците направија целосен пресврт во последните минути од натпреварот победувајќи ја Англија со 2:1 и пласирајќи се во нивното седмо вкупно и второ последователно финале на Мундијалите, каде што ќе играат против Шпанија во недела.

Англија ќе игра против Франција во сабота од 23.00 часот во мечот за третото место на Светското првенство 2026.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Шпанија против Франција – битка на две фудбалски филозофии за место во финалето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот