Полициски автомобили, Сараево / Фото: ЕПА

Хорор во Сараево — уапсен маж осомничен дека со лопата ги убил мајка си и братот

Полицијата во Сараево денеска уапси 43-годишен маж под сомнение за убиство на две лица, а локалните медиуми објавија дека негови жртви се неговата мајка и брат, кои ги убил на исклучително брутален начин.

Уапсениот маж е идентификуван во медиумите како Аднан Локванчиќ. Тој бил  уапсен во семејниот стан во сараевското предградие Храсница, каде што полицијата го пронашла по добиена дојава.

Полицијата објави дека е приведен под сомнение за убиство на еден маж и една жена и дека е во тек истрага за да се утврди што точно се случило.

Според порталот „Дневни аваз“, Локванчиќ наводно ги убил својот брат и мајка со лопата. Потоа ја обезглавил својата мајка.

Дека жртвите биле мајката и братот на уапсеното лице, за медиумите потврдил неговиот официјален адвокат Омар Мехмедбашиќ, кој веднаш најавил дека ќе побара психијатриско вештачење.

„Очигледно постои причина за преглед од невропсихијатар, бидејќи кога ја дал својата изјава, рекол дека ги испратил мајката и братот што ги убил меѓу мачениците и на подобро место“, изјавил Мехмедбашиќ за порталот „Кликс“.

Во исламската традиција, мачениците се луѓе за кои се верува дека загинале бранејќи ја својата вера, заедница, татковина или невините. Терминот најчесто се користи во Босна и Херцеговина за муслимани убиени во војна.

Медиумите известуваат дека целото семејство во кое се случила оваа трагедија имало тежок живот, а особено било трауматизирано од фактот што таткото извршил самоубиство со рачна граната по војната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот