Обамејанг го напушти Марсеј и се врати во шпанскиот фудбал
Пјер-Емерик Обамејанг и официјално е нов фудбалер на Депортиво Ла Коруња. Искусниот напаѓач го напушти Олимпик Марсеј и кариерата ќе ја продолжи во редовите на повратникот во шпанската Ла Лига, а францускиот клуб ќе инкасира околу 1,5 милиони евра за трансферот.
Препорачано
Триесет и седумгодишниот голгетер повторно ќе настапува во шпанскиот шампионат, каде што веќе остави силен впечаток за време на престојот во Барселона. Тогаш, како позајмен фудбалер, одигра 21 натпревар и постигна 13 голови, потврдувајќи дека и понатаму поседува врвен голгетерски инстинкт.
Обамејанг неодамна одби и финансиски далеку попримамлива понуда од турскиот второлигаш Чорум, кој му понуди двегодишен договор вреден 3,5 милиони евра по сезона. Наместо тоа, искусниот напаѓач реши да остане во една од најсилните европски лиги и ја прифати понудата од Депортиво.
Во текот на богатата кариера Обамејанг настапуваше за Сент Етјен, Борусија Дортмунд, Арсенал, Барселона, Челзи, Олимпик Марсеј и Ал Кадисија, а зад себе има стотици голови и бројни трофеи.
Аргентинските фудбалери предизвикаа дипломатска бура по победата над Англија
Ученикот против учителот — двајца големи пријатели во финалето на Мундијалот


