Фото: Национална пливачка федерација

Машката У16 ватерполо репрезентација на Македонија ќе настапи на Балканското првенство во Солун

По повеќе од 14 години, машката У16 ватерполо репрезентација на Македонија повторно ќе настапи на официјално меѓународно првенство, известуваат од Националната пливачка федерација.

Во периодот од 16 до 19 јули, нашите млади ватерполисти ќе ја претставуваат државата на Балканското првенство во Солун, Грција.

Овој настап има историско значење бидејќи претставува враќање на македонското ватерполо на меѓународната сцена и важен чекор во развојот на новите генерации репрезентативци.

Иако станува збор за У16 првенство, македонската репрезентација на овој турнир ќе настапи со значително помлад состав, составен претежно од играчи родени 2011 и 2012 година.

Целта на стручниот штаб е овие млади ватерполисти уште сега да стекнат драгоцено меѓународно искуство, да се развиваат низ силни натпревари и да изградат генерација која во наредните години ќе биде носител на македонското ватерполо.

На првенството ќе настапат и едни од најсилните ватерполо репрезентации во Европа: Србија, Грција, Црна Гора, Унгарија, Бугарија, Романија и Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот