Фото: Пинг понгарска федерација на Македонија

Македонија со четири натпреварувачи на Европското младинско првенство во пинг понг

Македонските млади пингпонгари ќе учествуваат на Европското младинско првенство што ќе се одржи во Гондомар, Португалија.

Нашата земја ќе ја претставуваат четворица натпреварувачи, Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години, и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години кои ќе ги играат првите натпревари на 15 јули од 10.00 часот.

Во категоријата до 15 години Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија, додека Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска

Во категоријата до 19 години настапуваат Хасану за противничка ја има Ковалова Дариа од Украина, а Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот