ФОТО | Која е Босанката Лајла Хасановиќ, девојката на Синер — има нереална убавина, до лани беше во врска со синот на Шумахер
Најдобриот италијански тенисер Јаник Синер од крајот на 2025 година е во врска со данската манекенка и инфлуенсерка Лајла Хасановиќ, а нивната врска првпат јавно ја потврди по освојувањето на турнирот во Виена.
Препорачано
Иако приватниот живот генерално го држат далеку од очите на јавноста, Лајла Хасановиќ во последните неколку месеци е видена на бројни натпревари на Синер, поддржувајќи го од трибините.
View this post on Instagram
Исто беше и во неделата во финалето на Вимблдон, каде Синер го освои трофејот и славеше со тимот.
Во неговата ложа беше и Лајла, убавица чии корени се од Босна и Херцеговина.
View this post on Instagram
Синер ја потврди врската во октомври 2025 година во текот на говорот по неговиот триумф на АТП турнирот во Виена.
– Ви благодарам на сите за вашата поддршка. Не е секогаш лесно да ме разберете, но ви благодарам што се трудите. Благодарам на моето семејство, девојката, пријателите, целиот мој тим и на сите што ме следат од дома – рекол тогаш италијанскиот тенисер.
View this post on Instagram
Лајла Хасановиќ е родена во 2000 година во Копенхаген, во семејство по потекло од Сребреница. Студирала новинарство во САД, но се посветила на други кариери. Убавицата е креаторка на содржини и манекенка која ја следат повеќе од 500.000 луѓе на Инстаграм, додека на Тикток има повеќе од 300.000 следбеници.
View this post on Instagram
Во текот на кариерата, носела ревии за модните брендови како што се „Гармент“ и „ОпераСПОРТ“, а била и заштитно лице на кампањите на компанијата „Армани бјути“.
Во август минатата година Лајла присуствуваше на Филмскиот фестивал во Венеција како гостинка на овој козметички бренд.
– Ова е момент што изгледа нереално. Од мало девојче што го открива „Армани бјути“ преку несесерот масичка на мајка си до црвениот тепих како дел од нивното семејство. Неизмерно сум благодарна – напишала таа тогаш на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Лајла беше гостинка и овогодинешниот Филмски фестивал во Кан.
Покрај сè, таа се занимава и со претприемништво и го лансираше својот бренд за убавина НРД55, фокусиран на производи нега на кожа и за самопотемнување.
View this post on Instagram
Лајла Хасановиќ во текот на 2025 година го придружуваше Синер на неколку важни турнири, вклучувајќи го Ролан Гарос, Отвореното првенство на САД и финалниот АТП Мастерс во Торино, каде што се симна на теренот заедно да ја прослават неговата победа над Карлос Алкараз.
И покрај тоа, двојката ретко зборува за својата врска или објавува заеднички фотографии.
– Сакам да зборувам за тенисот и спортот, но приватниот живот сакам да го задржам за себе. Сакам да ги заштитам луѓето што ми се најблиски – рекол Синер претходно во интервју за „Венити фер Италија“.
Обожавателите велат дека Лајла е нереално убава.
View this post on Instagram
Пред врската со Синер, Хасановиќ беше во долгогодишна врска со возачот на Формула 1, Мик Шумахер, син на легендарниот Михаел Шумахер. Нивната врска траела неколку години пред да заврши во април 2025 година.
View this post on Instagram
ФОТО+ВИДЕО | Јаник Синер ја прослави победата на Вимблдон во прегратки на убавата Босанка Лајла


