Лајла Хасановиќ и Јаник Синер на Вимблдон / Фото: Dubreuil Corinne/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО+ВИДЕО | Јаник Синер ја прослави победата на Вимблдон во прегратки на убавата Босанка Лајла

Италијанскиот тенисер Јаник Синер, моментално број еден во светот, ја одбрани титулата на Вимблдон победувајќи го Александар Зверев во четири сета.

Додека Синер го славеше својот нов голем успех, вниманието на јавноста го привлече и неговата партнерка Лајла Хасановиќ, која го бодреше од трибините.

Познатата манекенка не ги криеше своите емоции за време на финалето. Таа внимателно го следеше секој поен, а поради високите температури што преовладуваа во Лондон, често се ладеше со лепеза, исто како и бројните гости на трибините на Централниот терен.

Фото: Dubreuil Corinne/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Откако заврши натпреварот, Синер појде кон трибините, за да прослави со своите најблиски. Но, моментот што најмногу привлече внимание беше прегратката меѓу Италијанецот и убавата Босанка која не криеше дека е среќна за успехот на своето момче.

Инаку, данската манекенка и претприемачка со босанско-херцеговски корени е честа придружничка на неговите натпревари во изминатата година, а камерите постојано ја покажуваа и за време на финалето на Вимблдон.

Нивната врска за првпат беше забележана во јавноста минатото лето, кога гледачите забележаа фотографија од жена што личеше на Лејла на екранот на телефонот на Синер за време на Отвореното првенство на САД во 2025 година. Иако тенисерот генерално го држи својот приватен живот подалеку од медиумите, тој во неколку наврати нагласи колку му значи нејзината поддршка. Еден месец откако почнаа гласините за врска, Синер потврди дека се заедно.

По победата на Виена опен, тој им се заблагодари на својот тим, семејство и девојката: „Ви благодарам многу за вашата поддршка, за вашиот труд и напорна работа. Не е секогаш лесно, но ви благодарам што сте со мене“, рече тој тогаш.

Пред да започне романса со Синер, Лајла беше во врска со Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер. Иако светските медиуми шпекулираа дека убавата Босанка би можела да заврши со врска со наследникот на познатиот возач на Формула 1, напролет оваа година дојде до ненадејно раскинување, по што таа брзо започна врска со Синер. Пред Шумахер, таа беше во врска и со данскиот репрезентативец Јонас Винда, кој моментално игра во Бундеслигата за „Волфсбург“.

@lailaspotlight_ oh to have someone like her by my side ❤️‍🩹 @Laila Hasanovic || #janniksinner #lailahasanovic #couple #wimbledon #love ♬ original sound – liminal space songs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот