Изет Меџити / Фото: „Слободен печат“ - Филип Николов

Годинава и Чаир ќе има свое културно лето, наскоро започнува фестивалот „Чаршија“

Меџити истакна дека фестивалот ќе се одржи од 23 до 26 јули, а во овој период, како што соопшти Меџити, Сули Ан и Куршумли Ан ќе бидат трансформирани во сцени каде што ќе се одржуваат настапите.

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити на денешната прес-конференција од плоштадот „Скендербег“ соопшти дека годинава започнува нов меѓународен музички фестивал во општината насловен „Чаршија“, кој ќе се одржува во објектите на Сули Ан и Куршимли Ан во Скопската чаршија.

„Идентитетот на еден народ се зачувува, зајакнува и пренесува преку културата. Преку уметноста. Преку традициите што ги создава и ги остава на идните генерации. Затоа, Чаир сега ќе има свој фестивал. По Саемот на книгата, на Скопје и на Чаир им се придружува уште еден важен културен настан: првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, изјави Меџити.

Тој истакна дека фестивалот ќе се одржи од 23 до 26 јули, а во овој период, како што соопшти Меџити, Сули Ан и Куршумли Ан ќе бидат трансформирани во сцени каде што ќе се одржуваат настапите.

„Од 23 до 26 јули, Сули Ан и Куршумли Ан ќе бидат трансформирани во сцени каде што класичната музика ќе се сретне со наследството на Старата чаршија. Под уметничко водство на Инва Мула и Дешира Ахмети, фестивалот ќе собере истакнати локални и меѓународни уметници, давајќи му на градот уште еден важен настан во културниот календар. Нашата цел е да изградиме културна институција која ќе расте со секое издание, ќе привлекува уметници од целиот свет и ќе го направи Скопје важно место за средба на класичната музика во регионот“, изјави градоначалникот.

Меџити ќе го урива, Ѓорѓиевски ќе го чисти – што ќе се случи со натпатникот кај Бит-пазар?

Меџити исто така истакна дека фестивалот претставува стратешка инвестиција во културата и идентитетот.

„Денес не претставуваме само нов фестивал. Денес ја претставуваме нашата визија Чаршија да биде позната не само по својот инфраструктурен развој, туку и како простор каде што се создаваат нови културни вредности. Веруваме дека културата е најсилниот мост меѓу луѓето, а фестивалот „Чаршија“ е токму таков мост – меѓу традицијата и современото, меѓу локалното наследство и светската уметност.“

Тој додаде дека целта на Општината е овој фестивал да стане познат меѓународен културен бренд и да се испрати порака дека Чаир има капацитет и визија да создава проекти од национално и меѓународно значење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот