Уште еден пораз за Македонија на ЕП, младинците ќе разигруваат за пласман од 17. до 24. место
Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија го претрпе четвртиот пораз на Европското првенство во Романија. Избраниците на Игор Илиевски загубија од Австрија со 28-24.
Препорачано
Македонските ракометари одиграа солиден натпревар и во поголем дел беа рамноправен противник, но не успеаја да ги искористат шансите во клучните моменти. Австрија во второто полувреме ја презеде контролата врз играта, направи предност од 24-18 и до крајот рутински ја сочува за победа.
Во македонскиот состав голманот Николовски имаше 11 успешни интервенции, додека Поповски и Матески беа најефикасни со по шест постигнати голови. Кај Австрија најдобар стрелец беше Фрич со седум погодоци.
По четирите порази на шампионатот, Македонија ќе продолжи во разигрувањето за пласман од 17. до 24. место. Следниот предизвик за младите ракометари е дуелот против Летонија, кој е закажан за утре.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
49мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


