ВИДЕО | Аргентина со играч повеќе во продолженијата ја урна Швајцарија
Фудбалската репрезентација на Аргентина е последниот полуфиналист на Светското првенство откако ја победи Швајцарија со 3:1 по продолженијата во четвртфиналето одиграно во Канзас Сити.
Препорачано
Актуелните светски шампиони поведоа веќе во 10 минута. По корнерот на Лионел Меси, Алексис Мекалистер со глава ја затресе противничката мрежа за 1:0.
Швајцарците израмнија во 67 минута преку Ден Ендо, но само пет минути подоцна останаа со играч помалку. По ВАР снимката, Брел Емболо доби втор жолт картон за симулирање, односно црвен картон, откако првиот картон на Леандро Паредес му беше поништен.
Аргентина создаде шанси и доминираше на противничкиот гол до крајот на регуларниот дел, но Лионел Меси и Лисандро Лопез не успеаја да ја пронајдат мрежата, па мечот отиде дополнителни 30 минути.
Аргентинскиот селектор Лионел Скалони целосно го отвори натпреварот со играч повеќе, а овој пристап донесе резултат во 112 минута. Хулијан Алварез им донесе ново водство на „Гаучосите“ со фантастичен гол и за прв пат се запиша во листата на стрелците на овој Мундијал.
Конечните 3:1 ги постави Лаутаро Мартинез во првата минута од судиското надополнување на второто продолжение, потврдувајќи го местото на Аргентина меѓу четирите најдобри репрезентации на СП 2026.
Аргентина ќе игра против Англија во полуфиналето, а тој натпревар е закажан за 15 јули од 21.00 часот по македонско време во Атланта. Во истиот термин еден ден порано, Франција ќе игра против Шпанија во Тексас.


