Камчев беше уценет и сведочеше дека становите на Водно се мои за да ја спаси мајка му од затвор, тврди Груевски
Груевски во објава на социјалните мрежи напиша дека секој кој што ја следел судската постапка внимателно памети дека, како што вели, обвинителството не докажало ниту дека платил за тие станови, ниту дека биле во негова сопственост, по што Груевски тврди дека бизнисменот Јордан (Орце) Камчев нил уценет и притиснат да сведочи против него за, како што вели, да ја спаси неговата мајка од затворска казна.
Експремиерот Никола Груевски, кој во 2018 година избега од Македонија и доби азил во Унгарија, денеска се огласи на социјалните мрежи во однос на повторната продажба на становите во комплексот „Панорама резиденс“, запленети во случајот „Плацови на Водно“, за кои тој повторно тврди дека никогаш не биле негови, потоа го обвини Јордан Камчев дека ја сменил својата изјава за да избегне затвор, по што заклучи дека целиот судски процес бил политички мотивиран од, како што вели, стравот и омразата на неговиот наследник, Зоран Заев.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-И по којзнае кој пат принуден сум да демантирам дека тие станови никогаш не биле мои станови и дека сето тоа е резултат на еден криминален политички мотивиран судски процес во кој целта и мотивите беа политички и лични, произлезени од стравот и омразата на криминалецот и предавникот на македонските национални интереси Зоран Заев- напиша Груевски.
Тој додаде дека секој кој што ја следел судската постапка внимателно памети дека, како што вели, обвинителството не докажало ниту дека платил за тие станови, ниту дека биле во негова сопственост, по што Груевски тврди дека бизнисменот Јордан (Орце) Камчев нил уценет и притиснат да сведочи против него за, како што вели, да ја спаси неговата мајка од затворска казна.
-Бизнисменот Јордан Камчев кој исто така неправедно беше обвинет, односно беше обвинет со цел подоцна да биде уценет и притиснат да даде изјава против мене (како и многу други во тоа време), со која ќе бидам дискредитиран и осуден, во целата постапка се држеше достоинствено и до вистината, се до пред самиот крај, кога подлегна на уцените. Пред да се одржи последната судска сесија во која Камчев имаше збор, тој беше повикан во обвинителството кај тогашната обвинителка Лиле Стефановска. Таа му ја соопшти уцената дека ако не каже така како што таа бара од него (читај Зоран Заев), веќе е договорено тој да добие затвор од 12 години, а неговата мајка Ратка Камчева и главниот правник од неговата фирма, слични екстремно високи долгогодишни затворски казни- пишува поранешниот премиер.
Телма: Привршува собирањето документи за екстрадиција на Груевски
Груевски продолжува дека по оваа уцена, Камчев за да се спаси себе си, мајка си и еден од најблиските соработници, прифатил во целост да ја промени приказната и, како што тврди тој, да жртвува три стана од зградата која тој ја градел.
-Можам само да замислам под кој притисок од Зоран Заев и неговите криминални структури биле и судиите во тоа време за да донесат или потврдат такви пресуди какви што носеа и да ги отфрлат аудио снимките кои се појавија во јавноста во тоа време во кои се слуша како Јордан Камчев категорично тврди дека немам никаква врска со таа земја са која ме обвинуваа, предмет кој го започнаа и го завршија без никаков елементарен материјален доказ против мене, од типот потпис, договор, плаќања пари, сопственост на форма, потекло на пари или било што, и мораа да одат на жесток притисок на дел од обвинетите да ме посочуваат мене како виновник- тврди Груевски


