ВИДЕО | Mбапе промаши пенал и даде еврогол, Дембеле стави точка — Франција е првиот полуфиналист
Франција ја оправда фаворитската улога и со сигурна победа од 2:0 над Мароко обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство, продолжувајќи го походот кон нова светска титула.
Препорачано
„Триколорите“ уште од првиот судиски свиреж ја презедоа иницијативата и целосно го контролираа натпреварот. Французите создаваа шанси и постојано се закануваа кон голот на Јасин Боно, додека Мароко тешко успеваше да ја префрли играта на противничката половина.
Најдобрата можност во првото полувреме ја имаше Килијан Мбапе, кој во 28-та минута избори пенал, но неговиот удар од белата точка беше запрен од одличниот Боно. Така, на паузата се замина без голови.
Француската ѕвезда сепак се реваншираше во второто полувреме. Во 60. минута Мбапе со прецизен удар од далечина го совлада мароканскиот голман и го отвори резултатот. Тоа беше негов осми погодок на турнирот, со што се израмни со Лионел Меси на врвот на листата на стрелци, а воедно стигна и до 20 гола на Светските првенства во својот 21. настап.
Конечните 2:0 ги постави Усман Дембеле само шест минути подоцна. По асистенцијата на Мбапе, францускиот офанзивец одлично се ослободи од својот чувар и прецизно погоди за заверка на пласманот меѓу четирите најдобри селекции.
ВИДЕО | Против Мароко Мбапе го изведе еден од најлошите пенали во кариерата


