ФОТО | Некој ги полеал со моторно масло сите реквизити на детско игралиште во Кисела Вода
„Дали сега помирно ќе спиеш?“ – го прашува непознатиот сторител скопјанка згрозена од вандалскиот чин
Непознати деликвенти вчеравечер истуриле моторно масло врз сите реквизити и на клупите од игралиштето за деца на скопската улица „Ѓорѓи Сугаре“, во близина на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“, објавија на социјалните мрежи граѓани згрозени од овој низок вандалски чин.
Препорачано

„Вака јавно да го прашам тој што детските реквизити ги истури со уље во паркчето каде што дечињата од најмали до најголеми се радуваат, дали сега помирно ќе спиеш, дали совеста ќе те копка? Не бе, другари, не е до државата, не е до општината, до нас е. И после зошто младите не раѓале, зошто си заминувале од државата. Од вакви покондурени како тебе !!!!! Лизгалкиве се наоѓаат на ул.Ѓорги Сугаре веднаш до зградата на дабар.Се надевам дека некој ќе преземе нешто и ќе ги врати во првобитна состојба“, вели револтираната скопјанка која ги објави фотографиите.

Ова е последниот, досега најмалициозен напад на урбаната опрема во Скопје во последните месеци, во кои јавноста веќе ја шокираше уништувањето на неоклку детски игралишта, на кои сторителите беа тинејџери.
ВИДЕО | Тинејџери дивееле во паркче во Карпош 4, кршеле корпи за ѓубре и турнале канделабра


