Моџтаба Хамнеи не присуствуваше на погребот на својот татко, загрозена е неговата безбедност
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, е советуван да не присуствува на погребната церемонија на неговиот татко, поранешниот ајатолах Али Хамнеи, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на неименувани извори од Блискиот Исток.
Препорачано
Според информациите, ајатолахот Моџтаби бил советуван од страна на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) да не присуствува на ниту еден од настаните на церемонијата.
Изворот наведува дека „членови на семејството на ајатолахот“ ќе бидат присутни за време на самиот погреб.
Али Хамнеи беше убиен во американските и израелските напади врз Иран на 28 февруари, по што неговиот син Моџтаба ја презеде власта, но оттогаш не е виден во јавноста, наводно поради сериозни повреди што ги здобил во нападот.
Според соопштението на штабот за организација на погребот на врховниот лидер, ајатолахот Хамнеи, церемониите траат неколку дена на отворениот простор на џамијата Имам Хомеини, а телото на Али Хамнеи ќе биде погребано денеска, во светилиштето на имамот Реза во Машхад, по неколкудневните церемонии во Техеран, Ком, Наџаф и Кербала.


