Фото: илустрација / ТВ Стар Штип / скриншот

Пријавено е ново труење со храна на работници во фабрика, сега во ТИРЗ Штип

Шестмина работници во штипска фабрика која се наоѓа во трговско-индустриската зона (ТИРЗ) во градот, вчера пријавиле дека се затруле со храна во Одделението за епидемиологија и социјални услуги при Центарот за јавно здравје, пишува „СДК.мк“.

Ова се случува само неколку дена откако 44 вработени во прилепската компанија „Микросам“ се затруја со салмонела, откако јаделе макарони со урда и сирење, подготвени од фирма за кетеринг.

„Стручни лица од Центарот излегоа на увид во објектот на операторот со храна каде бил извршен разговор со одговорните лица, биле дадени препораки и мерки, наложено било генерално механичко чистење на просториите и биле направени и санитарни прегледи на вработените и земени се мостри за микробиолошка анализа и брисеви од работните површини и во фирмата каде се консумира храната и кај операторот снабдувач со храна“, соопшти Центарот.

Отаму велат дека до добивањето на сите резултати ќе се следи состојбата на веќе затруените работници и начинот на извршувањето на мерките и препораките, а според законската регулатива и ќе се преземат дополнителни мерки ако има нови затруени.

Станува збор за вработени во една од првите фирми во ТИР зоната, а операторот е лоциран во кругот на поранешниот комбинат „Македонка“ во Штип, пишува „СДК.мк“.

Инспектори ја затворија мензата во РЕК Битола поради можно труење со храна на 80 вработени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот