Народниот правобранител Фатон Сељами во посета на затворот „Шутка“ / фото: Канцеларија на Народниот правобранител

Народниот правобранител влезе во „Шутка“, затвореници му се пожалија на полициско насилство

Народниот правобранител Фатон Сељами денеска влезе во затворот „Скопје” во Шуто Оризари, каде што се сретна со раководството, но и со осуденици кои се жалеа на насилство.

-Народниот правобранител Фатон Сељами, заедно со тимот од Механизмот за граѓанска контрола, оствари средба со директорот на КПУ Затвор Скопје г.Бобан Утковски и заменик директорот г.Баки Мустафи. Целта на средбата беше да се добијат подетални информации за текот на вчерашниот претрес од страна на припадници на Единицата за интервенции на затворската полиција, која е под директна надлежност на Управата за извршување на санкции“, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Правобранителот Сељами директно разговараше и со некои од затворениците.

-Воедно, Народниот правобранител ги посети и разговараше со дел од затворениците кои беа предмет на претресот. Притоа, акцентот при посетата беше ставен на начинот на кој постапувале припадниците на оваа единица, односно дали при вршењето на претресот биле испочитувани процедурите и стандардите утврдени со актите по кои истата работи, а во насока на утврдување дали имало или не, пречекорување на службените овластувања, односно дали била употребена прекумерна сила.

Во текот на денешниот ден, тимот на Механизмот за граѓанска контрола ќе го продолжи процесот на испитување на случајот, а Народниот правобранител за констатациите по истиот во наредниот период дополнително ќе ја извести јавноста за дејствијата кои ги презел и кои ќе ги преземе во иднина, велат од кај Народниот правобранител.

Во затворите не е премногу гужва, ама се лежи долго

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот