Фото: РК Вардар

Вардар го комплетираше тимот, титулата ќе ја брани со седум засилувања

Ракометниот клуб Вардар го комплетираше играчкиот кадар за сезоната 2026/27, во која „црвено-црните“ ќе ја бранат шампионската титула во домашното првенство, но и ќе играат во Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион во новата сезона влегува со неколку нови имиња во составот. Голманската позиција ќе ја засили Бомаштар, кој пристигнува од францускиот Шартр, додека од Трембле доаѓа Фадуил, од кого во клубот очекуваат да биде едно од клучните засилувања.

Нов член на Вардар е и Абделак, кој пристигнува од германски Кил, Љевар доаѓа од Слован, Поповски се приклучува од Мулти Есенс, а Ѓорчески пристигнува од Пролет.

Шанса во првиот тим ќе добие и Нешовски, кој е прекомандуван од младинската академија, како дел од стратегијата на клубот за афирмација на домашните таленти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот