Меси веднаш откако го урнал рекордот на Клосе го побарал германскиот голгетер, му испратил и дрес
Лионел Меси на Светското првенство успеа да испише нова историја и да го урне рекордот за најдобар стрелец на сите времиња на Мундијалите, но многумина се изненадија кога дознаа кого прво контактирал по овој голем успех.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иако има 39 години, Аргентинецот и понатаму игра во неверојатна форма. На актуелниот Мундијал Меси е прв стрелец на турнирот со осум постигнати голови oткако зад себе го остави легендарниот германски голгетер Мирослав Клосе.
Клосе цели 12 години го држеше приматот како најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 16 голови, но Меси успеа да го надмине и сега има 21 погодок на најголемата фудбалска сцена. Во меѓувреме по Меси, Клосе го скокна и Мбапе кој во овој момент е на бројката од 19 голови.
„Лионел Скалони ми беше соиграч во Лацио. И денес сме во контакт и понекогаш разговараме Тој беше човекот кој му овозможи на Меси да ме контактира откако го урна мојот рекорд и стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Тоа за мене беше навистина емотивен момент. Некогаш сме се среќавале на теренот додека сè уште играв, но овој повик беше првпат да разговараме на такво ниво. Со тој гест покажа огромно почитување кон мене и докажа дека е голем човек. Ми кажа и дека ми испратил дрес со свој потпис“, изјави Клосе.
Меси со осум голови е лидер на листата на стрелци на Мундиајлот пред Мбапе и Ерлинг Халанд, кои имаат по еден погодок помалку од аргентинската суперѕвезда.
Ривалдо му се поклони на Меси: Тоа што го прави на 39 години е неверојатно
ВИДЕО | Француски новинари се степаа за место на прес-конференцијата на Брахим Дијаз


