Младите ракометари поразени и од Хрватска на Европското првенство
Македонската машка ракометна репрезентација до 20 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство, откако денеска беше поразена од Хрватска со 34:29.
Препорачано
По поразот од Норвешка во првото коло (пет голови разлика), младите македонски ракометари повторно не успеаа да избегнат негативен резултат. Клучната разлика беше создадена во првото полувреме, кое Хрватите го добија со 19:14.
Во продолжението Македонија одигра рамноправно со противникот, но не успеа значително да ја намали негативата. Хрватска сигурно ја контролираше предноста и на крајот славеше со конечни 34:29.
Најефикасен во македонскиот состав беше Марко Каевски со седум погодоци, додека Бобан Поповски натпреварот го заврши со шест голови.
Со вториот пораз во групната фаза, Македонија остана без шанси за пласман меѓу 12-те најдобри селекции на шампионатот. Во последното коло нашите ракометари ќе се соочат со Данска, а натпреварот е закажан за 11 јули.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


