Јирген Клоп/фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

На селекторската позиција кај „панцерите“, Клоп ќе губи речиси пет милиони евра годишно

Стратегот и покрај забележително помалата плата ќе ја прифати работата да биде селектор на Германија

Договорот на Јирген Клоп со Германската фудбалска асоцијација за преземање на кормилото на „панцерите“ ќе биде на четири години, вклучувајќи го и Светското првенство во 2030 година. Ова го објавува „Билд“.

Се посигурно е дека познатиот фудбалски стратег ќе застане на чело на германската репрезентација, иако тоа за него ќе значи значително намалување на заработувачката.

Поранешниот менаџер на Ливерпул моментно заработува речиси 12 милиони евра годишно во Ред Бул. Како селектор на Германија тој би заработувал само малку повеќе од неговиот претходник Нагелсман, чија годишна плата беше седум милиони евра.

Според „Билд“, викендов претседателот на Германската фудбалска асоцијација Бернд Нојендорф и првиот човек на Бундеслигата Ханс-Јоаким Вацке патуваат за Њујорк, да го финализираат договорот.

Синот на Роналдо може да избира помеѓу пет репрезентации, една беше голем хит на Мундијалот

Норвежаните го промениле хотелот пред дуелот со Англија

Меси веднаш откако го урнал рекордот на Клосе го побарал германскиот голгетер, му испратил и дрес

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот