Норвешка/EPA/OLGA FEDOROVA

Норвежаните го промениле хотелот пред дуелот со Англија

Норвешката фудбалска репрезентација ги наруши подготовките за четвртфиналниот дуел против Англија на Светското првенство, откако по само една ноќ го напушти хотелот во кој беше сместена.

Според норвешките медиуми, Ерлинг Халанд и неговите соиграчи биле незадоволни од условите во хотелот во Форт Лодердејл. Главните забелешки се однесувале на бучавата од блиското градилиште, недостатокот на простор за тимски состаноци, слабата хигиена и прометната околина, што, според нив, негативно влијаело на подготовките.

Селекторот Стејл Солбакен потврди дека репрезентацијата побарала промена на сместувањето, а ФИФА веднаш реагирала и помогнала во преселбата во друг хотел.

„Имаше неколку работи што не беа во ред. Сакавме подобри услови за тимот да биде заедно и максимално фокусиран пред важниот натпревар“, изјави Солбакен.

Капитенот Мартин Едегор истакна дека целта била да се создадат најдобри можни услови за подготовка пред дуелот со Англија.

Дополнителен проблем за Норвежаните претставуваат и долгите патувања низ САД, кои, според медиумите, оставиле трага врз тимот. Неколку фудбалери се пожалиле на вирусни симптоми, што дополнително ја комплицира ситуацијата во пресрет на еден од најважните натпревари во нивната понова историја.

Конфликт стар повеќе од 40 години може да го одреди судијата за финалето на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот