Мицкоски / Фото: принтскрин / Фејсбук/ Влада

Мицкоски: Имаме план и резерви ако кризата со горивата се продлабочи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата внимателно ја следи состојбата со цените на горивата и дека економските мерки остануваат подготвени доколку биде потребно да се реагира. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Битола, Мицкоски нагласи дека Македонија во моментов има најниски цени на бензинот и дизелот во регионот, а според него, земјата во јуни забележала и најниска инфлација меѓу соседните држави.

-Живееме во време на сериозни геополитички предизвици и две големи воени кризи. Најважно е да обезбедиме стабилно и навремено снабдување со енергенси за граѓаните и стопанството. Имаме доволно резерви и подготвен план доколку ситуацијата дополнително се усложни- рече премиерот.

Тој посочи дека цените на горивата зависат од движењата на светските берзи, но оцени дека Владата успешно управува со процесот за да се задржат пониски цени на домашниот пазар. Осврнувајќи се на инфлацијата, Мицкоски рече дека кај храната таа изнесува околу 2,5 проценти, кај облеката и обувките околу 2,1 процент, додека најголем раст бележат транспортните услуги, алкохолот и тутунските производи, главно поради поскапувањето на горивата.

Во своето обраќање тој ја критикуваше и опозицијата, оценувајќи дека шири негативни прогнози кои, според него, не се оствариле, додавајќи дека економската состојба во земјата е стабилна. При посетата на Битола, премиерот информираше и дека изградбата на автопатот Прилеп–Битола се одвива со засилена динамика, а наскоро очекува да започне и реализацијата на експресното поврзување со граничниот премин Меџитлија, што треба значително да го олесни сообраќајот во регионот.

Ќе се продава само гориво што ги исполнува стандардите – нова уредба по 19 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот