Гордана Сиљановска Давкова и Реџеп Таип Ердоган / Фото: Кабинет на Претседателот на РСМ

Ердоган делел револвери на Самитот во Анкара: Дали и Сиљановска-Давкова брои куршуми?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им приредил необичен дипломатски подарок на лидерите кои присуствувале на Самитот на НАТО во Анкара – гравиран револвер со име и кутија со боева муниција, пренесе ТукијеТудеј.

Подарокот го открил британскиот премиер Кир Стармер пред новинарите, при враќањето од Анкара. Но, тој не можел да го внесе револверот во Велика Британија, бидејќи таквиот потег би бил спротивен на британските закони за огнено оружје.

На истиот Самит присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но засега од нејзиниот претседателски Кабинет немаат информација дали и таа добила ваков подарок. Оттаму ни ветија дека наскоро ќе ни одговорат на прашањето.

Револверот на Стармер, според написот, ќе остане во Анкара и ќе биде деактивиран, иако Ердоган приложил и лична белешка со која ги укинува турските извозни ограничувања за оружјето. Таа белешка, сепак, не можела да ги надмине британските правила.

Засега не е познато дали и други лидери на НАТО се соочиле со сличен проблем, односно дали можеле да ги однесат подароците во своите земји.

Подароците биле доделени на маргините на 36. Самит на НАТО, кој се одржа на 7 и 8 јули во претседателскиот комплекс во Анкара. Тоа беше прв Самит на НАТО организиран од Турција по Самитот во Истанбул во 2004 година.

На Самитот доминираа теми поврзани со одбранбените трошоци, поддршката за Украина и можноста за обновување на американската продажба на оружје за Анкара, меѓу кои и евентуалното укинување на долгогодишната забрана за продажба на борбените авиони Ф-35 на Турција.

Ердоган им подари гравирани пиштоли на лидерите на НАТО

„Знаете ли кој носи очила за сонце во затворено?“ – Макрон предизвика шеговити коментари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот