Фото: Хрватска полиција / policija.gov.hr

Хрватка го терала сопругот да убие друг маж — му понудила и пари, тој ја пријавил

Жена од Хрватска вчера добила кривична пријава бидејќи му понудила пари на сопругот да убие друг маж, објави „Јутарњи“.

Од полицијата во Славонски Брод потврдиле дека против 54-годишната жена била спроведена криминалистичка истрага поради сомнение дека, со ветување одредена парична сума, поттикнувала машко лице да изврши убиство на 57-годишен маж.

По завршувањето на криминалистичката истрага, против осомничената била поднесена кривична пријава, а таа била предадена на понатамошно постапување пред Жупаниското државно обвинителство во Славонски Брод.

Од Жупанискиот суд во Славонски Брод навеле дека на 8 јули 2026 година, пред дежурен истражен судија била изведена хрватска државјанка, родена во 1973 година, откако Жупаниското државно обвинителство поднело предлог за определување истражен притвор.

Драма во Хрватска: Доставувач на храна наместо бакшиш, добил куршум

По одржаното рочиште истиот ден, дежурниот истражен судија ѝ определил притвор на осомничената поради постоење основано сомнение дека сторила кривично дело поттикнување на убиство, според член 111 точки 3 и 4 во врска со член 37 став 2 од Кривичниот закон.

Според неофицијални информации, осомничената го поттикнувала својот сопруг да го изврши убиството.

Мажот на кого, според сомнежите, му бил понуден паричен надомест за извршување на кривичното дело, не ја прифатил понудата, туку за случајот ги известил надлежните институции.

Локалните власти сѐ уште не ја потврдиле информацијата, но нагласиле дека сите околности на случајот ќе бидат истражени од надлежното Жупаниско државно обвинителство.

Мајка и татко од Австрија се осудени на доживотен затвор – до смрт го мачеле тригодишното дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот