Вреди: Тројца наши функционери беа задржани на границата со Албанија без објаснување
Тројца функционери на партијата Вреди, координаторот на пратеничката група, Беким Ќоку, пратеникот Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, беа задржани околу еден час на граничниот премин Ќафасан без никакво официјално објаснување, иако сите тројца покажаа дипломатски пасоши, реагираат од Вреди.
Препорачано
„Според информациите што неофицијално ги соопшти граничната полиција, против нив постои забрана за влез. Сепак, не им е соопштена никаква одлука, документ или оправдување“, велат од Вреди.
Вреди бара од властите на Република Албанија да ја информираат јавноста дали навистина постои таква мерка.
„Доколку е така, кој ја донел оваа одлука, врз која законска основа се темели и кои се конкретните причини за таквата акција против избраните функционери и институционалните претставници“, соопштуваат од партијата.
Од Вреди повикуваат меѓуалбанските односи да се градат врз транспарентност, институционално почитување и јасна комуникација, а не, како што велат, врз необјаснети забрани и процедури што оставаат простор за сомневање.
Не сме барале повлекување на амбасадорот на Албанија, тврди Касами


