Билал Касами
Биљал Касами / Фото: МИА / архива

Не сме барале повлекување на амбасадорот на Албанија, тврди Касами

„Вреди, но и Владата на Македонија, во ниту еден момент немале какво било барање до албанската држава за повлекување на амбасадорот Мејдани“, изјави денес копретседателот на Вреди и тетовски градоначалник, Биљал Касами, на прашањето дали било побарано отповикување на амбасадорот на Албанија во Македонија, Денјон Мејдани.

Касами рече дека за ова прашање одлучува албанската држава, но истовремено ја критикуваше работата на Мејдани.

„Ние би сакале тој повеќе да ги претставува граѓаните, односно да ги штити правата на албанските граѓани во Македонија, повеќе отколку некои политички групации, што за жал се забележува, но сепак тоа е работа и ангажман што треба да го оцени албанската држава“, рече Касами.

Албанската телевизија „А2“ вчера објави дека амбасадорот во Македонија, Денјон Мејдани, би можел предвреме да ја заврши својата дипломатска мисија во Скопје, повикувајќи се на извори од Скопје и од албанското Министерство за надворешни работи.

Според информациите на телевизијата, имало извесно незадоволство во владејачката коалиција во Македонија, односно во ВМРО-ДПМНЕ и во Вреди, поради ставовите на Мејдани во дебатите околу прашањето со употребата на албанскиот јазик. Мејдани јавно изрази поддршка за студентите Албанци кои преку протести бараат да им се даде можност да го полагаат правосудниот испит на албански јазик.

Меџити и Касами прво најавија правосуден испит на албански јазик, па се сретнаа со Мицкоски да бараат решение

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот