Фото: Влада на РСМ

Меџити и Касами прво најавија правосуден испит на албански јазик, па се сретнаа со Мицкоски да бараат решение

Двајцата копретседатели на владејачката партија Вреди, Изет Меџити и Биљал Касами, синоќа на социјалните мрежи објавија дека наскоро правосудниот испит ќе може да се полага на албански јазик, откако беше најавен денешниот протест во Скопје на кој централно барање е токму тоа.

„Правосуден испит и на албански јазик! Наскоро со добри вести…“, напишаа Касами и Меџити во идентичната објава, без да наведат повеќе информации.

Дури по ова, Владата денеска соопшти дека Меџити и Касами се сретнале со премиерот Христијан Мицкоски за да разговараат околу решение за прашањето на правосудниот испит и полагањето на албански јазик.

„Беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината. Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава. Оттука, институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност“, пишува во владиното соопштение.

Студентот Адеми за протестот: Утре Скопје ќе биде преплавено со црвено и црно — исто како нашата крв и душа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот