Уште двајца доктори се уапсени за криминалот со шверцуван ботокс, истрагата се проширува
Обвинителството соопшти дека во рамките на постапката против организираната криминална група која нелегално увезувала, дистрибуирала и им аплицирала ботокс и филери на пациенти, вчера биле претресени пет локации во Скопје, од кои две се во здравствени установи претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и две здравствени установи. Тројца луѓе се приведени, меѓу нив и двајца доктори, велат од ОЈО.
Препорачано
„Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост“, пишува во соопштението.
Од шверц до естетски интервенции — докторите и помагачите предизвикале сериозна општа опасност
Во април годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупциј отвори истрага против 17 луѓе и шест правни лица, кои се осомничени дека организирале мрежа која нелегално внесувала ампули со ботокс во земјава, а доктори кои биле дел од шемата на диво вршеле естетски операции. Тие ќе одговараат за злосторничко здружување, повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма, како и за „примање поткуп“.


