Гоце и Сашенка Тодоровски / Фото: Фејсбук/Ѓорѓи Колозов

Ќерката на Гоце Тодоровски откри како е актерот откако заврши во болница: „Кога беа најголемите горештини, му се слоши, падна“

Откако вчера во јавноста се појави информацијата дека македонскиот актер Гоце Тодоровски е хоспитализиран, неговата ќерка Сашенка откри нови детали за неговата здравствена состојба.

Во изјава за „Слободен печат“, таа вели дека татко ѝ се наоѓа на Одделот за хирургија во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде што закрепнува по пад што го доживеал за време на големите горештини.

„Кога беа најголемите горештини, му се слоши, падна, многу незгодно на левото колено. И како што му е паднат така имунитетот, како што знаете сите, така дополнително излезе проблем. Згрутчување на крв, нешто гноење… Тоа сѐ го очистија и, за среќа, е добар“, изјави Сашенка за нашиот медиум.

Таа додава дека до пред да разговара со нас била во посета кај својот татко и дека тој моментално се чувствува добро, иако тешко му паѓа долгото болничко лекување.

„Досега бев кај него, добро се чувствува, многу се досадува. Само мора да мирува, да лежи. Затоа што има тешкотија, нормално, не може да оди. Ногата не му е во лангета, туку едноставно мора да мирува“, рече таа.

Според неа, лекарите внимателно ја следат неговата состојба, а терапијата продолжува. На крајот, Сашенка упати порака до сите што се загрижени за здравјето на нејзиниот татко и им се заблагодари за поддршката.

ФОТО | Гоце Тодоровски е во болница, фановите ги објавија деталите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот