Објавено од што починала турската актерка од „Шербет од брусница“ — сите мислеа дека имала срцев удар, сега е откриена вистинската причина за смртта
Познатата турска актерка Еџе Иртем (35), ѕвезда на серијата „Шербет од брусница“, која е популарна и во Македонија, почина на 15 јуни во својот дом во Истанбул поради тешко труење со алкохол. Официјалниот извештај на Институтот за судска медицина на Турција вчера потврди дека кобна била интоксикацијата со етил алкохол во комбинација со специфични лекови, со што се стави крај на сите претходни шпекулации.
Препорачано
Трагичната смрт на младата актерка, која почина во својот дом во Истанбул додека со неа била нејзината мајка, беше еден месец беше обвиткана во мистерија. Сега, според пишувањето на порталот „Турски минут“, познати се прецизните детали што објаснуваат зошто дошло до смртоносниот исход.
Според официјалниот извештај на Институтот за судска медицина, актерката починала поради тешка интоксикација со етил алкохол. Наодот дополнително покажал присуство на одредени лекови во нејзиниот организам. Станува збор за лекови за кои медицинската струка предупредува дека драстично го зголемуваат депресивното дејство на алкохолот врз централниот нервен систем, што во овој случај довел до трагедијата.
Поранешните наоди од обдукцијата јасно ја исклучија можноста за насилна смрт, потврдувајќи дека на телото на актерката немало знаци на насилство или повреди.
Откако нејзиниот адвокат првично објави дека раните наоди укажуваат на срцев удар, социјалните мрежи беа преплавени со непроверени и бизарни теории за нејзината смрт. Новите официјални информации ставаат крај на шпекулациите, меѓу кои и тврдења дека актерката починала од сепса, па дури и од наводно каснување од мајмун во текот на неодамнешното патување во Тајланд.
Еџе Иртем е родена на 14 јуни 1991 година во Сивас. Нејзиното уметничко патување започнало со музиката – дипломирала опера и соло пеење на Универзитетот Јашар во Измир, по што завршила актерска едукација во Културниот центар во Истанбул.
Регионалната и турската публика ќе ја памети по нејзините впечатливи улоги во бројни хит проекти, меѓу кои се издвојуваат серијата „Шербет од брусница“ (каде што го толкуваше ликот Ишил), „Јени Гелин“, „Беј Јанлиш“, „Махкум“, „Јасак Елма“ и „Сандик Кокусу“.
ФОТО | Четири турски заводници кои имаат балканско потекло, едниот актер влече корени од Македонија


