Маја Вукичевиќ / Фото: Фејсбук/Маја Вукичевиќ

Маја Вукичевиќ емотивно за Зоран Џорлев: Секој тон ѝ даде душа на песната

Пејачката Маја Вукичевиќ која живее во Астралија, ги разнежи своите следбеници и пријатели на социјалните мрежи, споделувајќи емотивен спомен.

Станува збор за спомен од нејзиниот настап на фестивалот „Макфест“ во 2006 година. Еден од нејзините најголеми хитови е песната „Зборови“, која ја испеа на фестивалот „Макфест“ во Штип во 2002 година.

Вукиќевиќ се присети на втората фестивалска вечер и на соработката со двајца врвни македонски музичари кои оставија неизбришлив белег на сцената – маестро Зоран Џорлев на виолина и Давор Јордановски на клавир.

„Два маестри што со секој тон ѝ дадоа душа на песната. Ви благодарам“, напиша Маја, додавајќи дека покојниот Џорлев засекогаш ќе остане во нашите срца.

Зоран Џорлев почина на 1 јануари во 2021 година од компликaции како последица на Ковид-19.

Настапот на „Макфест 2006“ со песната „Ден два“ е еден од оние кои ќе бидат запаметени.

Маја неодaмна на Фејсбук го сподели своето длабоко воодушевување од концертот во престижната Сиднејска опера. Пејачката имаше можност да ја следи Петтата симфонија на Бетовен, изведена од Сиднејскиот симфониски оркестар под диригентската палка на Ања Билмајер.

Пред два месеци Маја Вукичевиќ официјално стана државјанин на Австралија. На свечената церемонија одржана во Сиднеј, меѓу присутните официјални лица беше и австралиската пратеничка Даи Ле.

Маја, која пред неколку години одлучи да го направи големиот чекор и да се пресели на далечниот континент, денес таму гради среќен живот заедно со својот син Гораст.

Маја кариерата ја започнала како ТВ презентер и новинар, а благодарение на нејзината мајка Милка, која била оперска пејачка, одлучила да заплива во музичките води.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот