Џенифер Лопез во Париз / Фото: Profimedia

ФОТО | Џенифер Лопез ги привлече погледите во Париз — се појави со длабоко деколте и во впечатливo моднo изданиe

По присуството на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси, Џенифер Лопез отпатува во Париз, каде што го привлече вниманието со своите модни комбинации.

Пејачката и актерка, која неодамна наполни 56 години, неделава присуствуваше на Модната недела во Париз, а за вечерното излегување со пријателите избра долга црна кадифена тоалета со длабоко деколте, кое го истакна нејзиниот изглед.

Фустанот со кратки ракави беше дополнет со широк кожен ремен, сандали со ремчиња и елегантна клач-чанта. Косата ја носеше пуштена и права, а изгледот го заокружи со минимален накит.

Џенифер Лопез во Париз / Фото: Profimedia

Следниот ден папараците ја фотографираа при излегување од хотелот во уште едно впечатливо модно издание – црни бермуди, бел горен дел со пердуви во стил на јакна и црн градник.

„Сестрите го освојуваат Париз“, напиша Лопез покрај фотографиите што ги објави со својата сестра Линда Лопез.

Џенифер Лопез во Париз / Фото: Profimedia

Очигледно е дека француската престолнина ѝ годи на Џенифер Лопез, која годинава неколкупати престојуваше во Париз. Минатиот месец таа беше специјална гостинка на настапот на диџејот Дејвид Гета, со кого се појави на сцената.

Лопез беше и меѓу бројните познати личности што присуствуваа на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси. За свечената пригода избра долга црна тоалета која го истакнуваше нејзиниот струк и се ширеше во раскошно здолниште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Откриени шокантните пораки што Тејлор Свифт ѝ ги испраќала на Блејк Лајвли во судската битка против Џастин Балдони: „Овој кловн паѓа на сè“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот