Фото: Инстаграм/Антонела Рокуцо

ФОТО | „Повторно заедно“: Антонела му испрати емотивна порака на Меси по драматичната победа на Аргентина

По драматичниот пресврт и пласманот на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство, сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокуцо, му упати емотивна порака на социјалните мрежи.

Аргентина го совлада Египет со 3:2, иако до 79. минута имаше негатива од два гола. Во финишот следуваше неверојатен пресврт, а Меси го постигна вториот гол за својата репрезентација и стигна до 21. погодок во историјата на Светските првенства.

По натпреварот, Антонела објави семејна фотографија на која позира со Меси и нивните три сина – Тијаго, Матео и Чиро.

„Те сакаме, Меси. Повторно заедно“, напиша таа покрај фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antonela Roccuzzo (@antonelaroccuzzo)


Ова не е првпат Антонела јавно да му даде поддршка на својот сопруг. По претходниот натпревар против Австрија, кога Меси испиша нова страница во историјата на Светските првенства и стана најдобар стрелец на мундијалите, таа му посвети уште една емотивна објава.

„Каква привилегија е да те гледаме како одново испишуваш историја“, напиша тогаш Антонела, на што Меси ѝ одговори кратко: „Те сакам.“

Љубовната приказна на Лионел Меси и Антонела Рокуцо започнала уште во детството во нивниот роден град Росарио. Јавноста за нивната врска дозна во 2009 година, а тие се венчаа во 2017 година. Денес се родители на тројца синови – Тијаго, Матео и Чиро, а Антонела редовно е најголемата поддршка на Меси на најважните натпревари на аргентинската репрезентација.

Меси комбинира два рекорда — најдобар стрелец, но и најлош пеналџија на мундијалите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот