Кејт Мидлтон на Вимблдон / Фото: Dubreuil Corinne/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО | Сите гледаат само во нозете на Кејт Мидлтон — принцезата во минијатурни шорцеви, во вакво издание не сме ја виделе

Кејт Мидлтон повторно успеа да го привлече вниманието на светот, но овој пат причината не се кралските должности ниту елегантните фустани по кои е позната. Принцезата од Велс ја изненади јавноста со сосема поинакво модно издание додека планинареше со принцот Вилијам, а фотографиите што ги објавија на социјалните мрежи станаа вирални за само неколку часа.

Принцезата од Велс заедно со својот сопруг учествуваше во националниот предизвик „Три врвови“, проект со кој се промовира престојот во природа, физичката активност и заедништвото. Но, додека многумина очекуваа уште едно класично издание на кралската модна икона, Кејт одлучи да ја покаже својата поопуштена, спортска страна.

Наместо елегантни палта, тесни панталони или препознатливи кроеви што со години ги носи во текот на официјалните ангажмани, овој пат избрала облека наменета за напорно планинарење. Принцезата носела маица од шведскиот бренд „Fjällräven“, планинарски чизми од „Scarpa UK“ и спортска капа од истиот производител.

Сепак, едно парче облека веднаш го украло целото внимание. Станува збор за светло црвени шорцеви од брендот „Норт фејс“, во какви јавноста никогаш не ја видела принцезата од Велс. Тие станаа главна тема на коментари на социјалните мрежи бидејќи Кејт ја покажа лежерната страна на својот стил, но и завидна физичка форма.

 

Витките, цврсти и тренирани нозе веднаш го привлекле вниманието, а многумина забележале колку природно и самоуверено изгледаше во спортското издание. Нејзината модна трансформација покажала  дека дури и членка на британското кралско семејство може да изгледа целосно опуштено, без да се откаже од елеганцијата по која е позната.

Кејт ја надополнила спортската комбинација со дискретни висечки обетки од брендот „Спелс оф лов“, со кои уште еднаш го покажа препознатливото чувство за детали. Честопати, токму такви мали модни елементи даваат допир на софистицираност на нејзините поедноставни комбинации.

Дека принцезата од Велс води активен начин на живот одамна не е никаква тајна. Со текот на годините, таа се обиде во голем број спортови – од едрење и веслање до тенис, рагби и велосипедизам. Секој пат покажуваше натпреварувачки дух и одлична физичка подготвеност, па затоа не е изненадувачки што и захтевните планински патеки не претставуваат проблем за неа.

Фотографиите што Вилијам и Кејт ги објавија на официјалниот профил на Инстаграм предизвикаа вистинска лавина од реакции. Илјадници следбеници побрзаа да го пофалат изгледот на принцезата, но и атмосферата што ја пренесоа фотографиите.

„Ова се најубавите фотографии што некогаш сте ги објавиле“, напишал еден корисник.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот