Бали / Фото: pexels-apasaric

Индонезија ја заострува визната контрола, тешки денови за „инфлуенсерите“ на Бали

Индонезија воведе построги визни правила насочени кон справување со странските „инфлуенсери“ и креатори на содржини кои одат на островот Бали за да работат, а во земјата влегуваат со визи наменети за туристички престој, пишува „Њујорк пост“. Според новите правила, луѓето кои објавуваат содржина на интернет со цел да заработат или да промовираат производи, ги кршат условите за туристичкиот престој.

Индонезиските власти го засилија надзорот врз странците на Бали, а имиграциската патрола „Дарма девата“ веќе уапси десетици луѓе за кршење на визните правила. Службениците, исто така, ја следат активноста на социјалните мрежи и посетуваат популарни места за собирање странци, како што се Кангу и Убуд, јавуваат локалните медиуми.

Прекршителите се соочуваат со казни, депортација и со можноста за трајна забрана за влез во Индонезија. Министерството за надворешни работи на Австралија ги предупреди патниците преку својата платформа SmartTraveller дека мора да имаат соодветна работна виза за да вршат каков било бизнис на Бали.

Едно од главните прашања меѓу патниците е што точно се смета за работа. Индонезиската имиграциска служба разјасни дека работата со туристичка виза е една од најчестите причини зошто странците се депортираат од Бали.

„Не мора секогаш да биде платена работа. Имиграциските власти можат да ја земат предвид целта на престојот, видот на активноста и дали зад неа стои некаква економска корист“, велат тие.

За работа може да се сметаат различни активности – од професионални услуги како што се фотографијата и шминкањето, до промоцијата на производи и рекламирањето на социјалните мрежи. Правилата важат и за работа што не е директно платена, но носи некоја друга корист за лицето, како што се бесплатен сместување, производи или соработка со брендови.

„Нелегално е да се работи, да се спроведува истражување или да се волонтира додека сте во земјата со туристичка виза. Осигурајте се дека имате соодветна виза за вашето патување“, предупредија властите.

Индонезиските власти велат дека построгите контроли не се насочени кон туристите, туку кон оние кои користат туристички визи за деловни активности.

Тројца Британци за влакно избегнаа смртна казна на Бали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот