Тројца Британци за влакно избегнаа смртна казна на Бали
По издржување на затворската казна, осудените ќе бидат депортирани во Велика Британија. Одлуката на судот е оценета како невообичаено блага во однос на досегашната практика на индонезиските власти во слични случаи, пренесува Танјуг.
Тројца британски државјани од Источен Сасекс, обвинети за обид да прошверцуваат околу еден килограм кокаин на индонезискиот остров Бали, се осудени на по една година затвор и ќе бидат депортирани во Велика Британија, откако судот не им изрече смртна казна, пренесува „ЛБЦ“.
Препорачано
Лиса Стокер (39), мајка на три деца, била уапсена со нејзиниот партнер Џонатан Колиер (39) уште во февруари на аеродромот на Бали, откако при рендгенска контрола на нивниот багаж биле откриени 17 пакувања прашок за пудинг во кои била сокриена дрога, проценета на околу 300.000 фунти (околу 350.000 евра).
Во Индонезија пристигнале од Велика Британија преку Катар, пренесува британскиот портал LBC.
По апсењето, Стокер и Колиер соработувале со полицијата и помогнале при апсењето на третиот осомничен, Финес Флоут (31), кој бил приведен неколку дена подоцна на паркинг кај хотел во близина на аеродромот, каде дошол да ја преземе дрогата.
Сите тројца во јули пред судот во Денпасар се изјасниле за виновни за трговија со наркотични средства. Иако Индонезија има едни од најстрогите закони во светот кога станува збор за дрога, обвинителството побарало поблага казна, што судот ја прифатил.
По издржување на затворската казна, осудените ќе бидат депортирани во Велика Британија. Одлуката на судот е оценета како невообичаено блага во однос на досегашната практика на индонезиските власти во слични случаи, пренесува Танјуг.


