Јеменските Хути прогласија поморска блокада на Саудиска Арабија
Јеменските бунтовници Хути денеска прогласија поморска блокада на Саудиска Арабија, што веднаш стапува во сила. Хутите соопштија дека воведуваат „поморско ембарго против криминалниот саудиски непријател“, повикувајќи се на принципот „око за око“, јави „Ројтерс“.
Препорачано
Хутите тврдат дека блокадата е одговор на она што го нарекуваат продолжение на „неправедната и репресивна опсада на нашиот драг народ“ од страна на Саудиска Арабија речиси 12 години.
Тие го обвинуваат Ријад за ограбување на ресурсите на Јемен и за воведување сеопфатна блокада на неговите пристаништа и аеродроми.
Хутите минатата недела испукаа ракети кон Саудиска Арабија, откако ги обвинија саудиските сили за бомбардирање на аеродром под контрола на Хутите и истакнаа дека со тој напад е прекинато четиригодишното примирје во конфликтот меѓу кралството и бунтовничката група.
Ова беа првите напади врз Саудиска Арабија за кои Хутите ја презедоа одговорноста, откако неформалното примирје стапи на сила во март 2022 година, по нивните претходни напади врз саудиската енергетска инфраструктура.
На нападите на Хутите одговорот ќе биде од библиски размери, се закани Израел
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
45мин
-
7час
-
8час
-
8час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


