Дунав мост, границата меѓу Романија и Бугарија / Фото: EPA/VASSIL DONEV EPA/VASSIL DONEV

Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушени се бродскиот сообраќај и земјоделството

Нивото на водата во реката Дунав во Романија за време на викендот се спушти на најниското ниво од 1996 година, што доведе до ограничувања за наводнување на земјоделските површини и делумно ги наруши бродскиот сообраќај и туризмот долж нејзините брегови, пренесе Ројтерс.

Водните патишта низ Европа годинава се погодени од продолжени топлотни бранови и суша, а според Ројтерс, просечната највисока температура во Западна Европа во понеделник се очекуваше да достигне 26,2 степени, што е за 2,7 степени над вообичаениот максимум за 20 јули.

Романската државна агенција за управување со водите соопшти дека протокот на влезната точка на романскиот дел од втората најдолга река во Европа во неделата изнесувал 1.700 кубни метри вода во секунда, наспроти просечните јулски вредности од околу 4.700 кубни метри во секунда.

Снимките на Ројтерс покажаа долги песочни појаси што се појавиле долж брегот во близина на границата со соседна Бугарија, при што неколку траектни линии беа прекинати, а баржите натоварени со жито останаа неподвижни.

Романија е меѓу најголемите продавачи и извозници на жито во Европската Унија.

Властите го ограничија пристапот на земјоделците до вода за наводнување на посевите во југоисточниот дел на Романија, а истовремено управуваа со водните акумулации за да обезбедат минимално ниво на вода потребно за ладење на двата реактори на државната нуклеарна компанија „Нуклеарелектрика“.

Од агенцијата за управување со водите соопштија дека се очекува нивото на Дунав постепено да почне да се зголемува од понеделник благодарение на обилните врнежи од дожд во неколку региони.

ВИДЕО | Силно невреме ја погоди Романија — човек загина откако дрво паднало врз неговото возило

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот