Фото: Принтскрин/Икс

ВИДЕО | Силно невреме ја погоди Романија — човек загина откако дрво паднало врз неговото возило

Силно невреме го погоди романскиот главен град Букурешт и 20 други окрузи при што загина едно лице, а оштетени се десетици домови и возила, соопштија локалните власти. Бурата предизвикала штета во вкупно 60 градови и села, а следел и топлотен бран со температури над 40 степени, пренесува „Ројтерс“.

Само во областа на Букурешт, службите за итни случаи примиле речиси 2.000 повици за помош. Поради обилните дождови беа поплавени и неколку станици на метрото.

Надвор од главниот град, бурата погоди околу 60 градови и села. Едно лице загина откако дрво паднало врз возилото во кое се наоѓало. Полицијата и пожарникарите биле распоредени во неколку окрузи, каде што ги евакуирале жителите од поплавените домови и работеле на отстранување на последиците од бурата.

На бурата ѝ претходеше топлотен бран, во кој температурите надминаа 40 Целзиусови степени во делови од земјата изминатите два дена. Високите температури доведоа до зголемена потрошувачка на електрична енергија и зголемување на цените на електричната енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот