Лукровски завршил со боледувањето, од вчера повторно го „презеде“ Карпош
После два месеци отсуство можеби Лукровски конечно ќе собере „храброст“ да им се обрати на карпошани и да ги објасни причините за своето отсуство.
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски по речиси двомесечно отсуство поради здравствени причини, од вчера повторно се вратил на работа.
Препорачано
Како што дознаваме од извори во Општината, од каде чекаме и официјални одговори на нашите прашања, тој вчера неочекувано за вработените се појавил во Општината и им соопштил дека завршил со боледувањето.
Неговото враќање се случи исто како и заминувањето, тивко и без никакво официјално соопштение до јавноста, која два месеци очекуваше едноставни одговори – од што боледува и дали ќе се врати на работа градоначалникот кој на локалните избори го избраа мнозинството карпошани кои излегоа на гласање. Објаснувањето од Општината дека користи боледување и дека го назначил советникот Неделчо Крстевски за негова замена додека е отсутен, стигна дури под притисок на јавноста.
Лукровски на 7 мај замина на боледување само шест месеци откако седна во градоначалничката фотелја и според граѓаните, дотогаш не покажа резултати какви што се очекуваа од него.
Според она што тогаш го дознавме од добро упатени извори, а кое официјално не беше демантирано, актуелниот градоначалник сакал да поднесе оставка, што за ВМРО-ДПМНЕ било неприфатливо со оглед на тоа колку капацитет, енергија, но и пари вложија во неговата кампања за конечно оваа партија да дојде на чело на Карпош. Доколку поднесеше оставка ќе требаше да се распишат нови избори за Карпош, на кои не се знае дали воопшто ВМРО-ДПМНЕ би можела повторно да однесе победа во оваа Општина.
После два месеци отсуство можеби Лукровски конечно ќе собере „храброст“ да им се обрати на карпошани и да ги објасни причините за своето отсуство.
Лукровски во моментов користи боледување, не е неоправдано отсутен, тврдат од Карпош


