Фото: EPA/ALEX CRUZ

ВИДЕО | Мексико се пласираше во осминафиналето на Светското првенство по победата над Еквадор

Фудбалската репрезентација на Мексико се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако го победи Еквадор со 2:0 на стадионот „Ацтека“.

За прв пат во историјата на Мундијалите, репрезентација од КОНКАКАФ елиминираше претставник од КОНМЕБОЛ во нокаут-фазата.

Осминафиналниот натпревар, кој требаше да започне во вторник навечер по локално време на стадионот во Мексико Сити, беше одложен за еден час поради лоши временски услови и грмотевици што го погодија стадионот. Откако временските услови се стабилизираа, натпреварот сепак се одигра.

Домашниот тим го реши прашањето на победникот во првото полувреме. Хулијан Кињонес му донесе водство на Мексико во 22. минута, а само девет минути подоцна Раул Хименез го зголеми водството на 2:0.

Проблемите на Еквадор дополнително се зголемија во судиското продолжение, кога Пјеро Инкапие беше исклучен поради неспортско однесување за време на разговор со Сантијаго Хименез, оставајќи ја јужноамериканската селекција со 10 играчи.

Мексико ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Англија и ДР Конго во осминафиналето на Светското првенство. Натпреварот е закажан за 6 јули од 14.00 часот по средноевропско време, повторно на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот